Како да го подготвите филот кој е основа на сите вкусни, кремасти колачиња?
Овој рецепт е основата со чија помош ќе подготвите превкусни полнети колачиња – од крофни, до еклери и торти.

Кремот се прави од жолчки и млеко, па може лесно да го комбинирате со други состојки како ореви, јатки, овошно пире, парчиња овошје, кафе, чоколадо или карамела...
Со него ќе ги наполните највкусните обични или принцес крофни, еклери, колачи и разни торти.

Потребни состојки:
- 4 жолчки
- 120g шеќер
- 500ml млеко
- 60g густин
- 1 лажица екстракт од ванила
Подготовка:
- Во сад ставете 400ml млеко на оган.
- Во меѓувреме со миксер или жица изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете го густинот заедно со преостанатите 100ml млеко.
- Кога млекото на оган ќе зоврие, претурете го во садот со изматените жолчки. Матете неколку минути, па вратете на оган, да се згусне.
- Тргнете од оган и оставее да се олади. Откако ќе се олади, изматете го повторно со миксер неколку минути.
- Препорачуваме и да додадете малку изматена слатка павлака, ако сакате повоздушеста текстура, како пена.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...