Најбараниот рецепт за чоколадна торта - се подготвува за 15 минути

Чоколадната торта е секогаш одличен избор – било за обично неделно попладне или кога сакате да си прославите нешто со блиските. Ретко кој може да одолее и би рекол „Не“ на ова слатко задоволство.

najbaraniot-recept-za-cokoladna-torta-se-podgotvuva-za-15-minuti-01.jpg

Ова е рецепт за наједноставна чоколадна торта, еден од најбараните и споделуваните на интернет.

За подготовка ви се потребни 15-тина минути и неколку едноставни состојки, а се пече уште 30-тина минути. Резултатот е мека, сочна торта, полна со чоколадо.

Потребни состојки:

  • 200g чоколадо за готвење
  • 80g путер
  • 4 јајца
  • Прстофат сол
  • 50g шеќер
  • Изрендана кора од портокал 

najbaraniot-recept-za-cokoladna-torta-se-podgotvuva-za-15-minuti-02.jpg

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Подгответе го плехот и премачкајте го со путер.
  • Путерот и чоколадото оставете ги да се стопат на пареа (во сув сад, над сад со топла вода) од 2 до 4 минути и мешајте додека не се стопат и соединат. Имајте на ум дека садот со водата не смее да е жежок, водата не треба да врие и водата не смее да го допира дното на садот во кој го топите чоколадото.
  • Одвојте ги белките од жолчките.
  • Во стопената смеса од чоколадо додадете шеќер и помешајте.. Потоа мешајте ги во смесата жолчките една по една и изренданата кора од портокал.
  • На страна помешајте ги белките со прстофат сол.
  • Една третина од белките нежно и полека замешајте ги во смесата со чоколадо, па полека додавајте го остатокот од белките.
  • Готовата смеса на крајот истурете ја во плехот кој го премачкавте со путер.
  • Печете 25-30 минути.

Декорирајте по желба со свежо овошје, шлаг, сладолед, шеќер во прав...

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава