Подгответе oриз на италијански начин и десерт од тиква со сос од бадеми и портокал

За денес на менито подготвено од италијанските кулинарски махери имаме два рецепта за ориз и десерт со кралицата на есента - тиквата.

podgotvete-oriz-na-italijanski-nacin-i-desert-od-tikva-so-sos-od-bademi-i-portokal-01.jpg

Уживајте во подготовката: препорачуваме да си пуштите во позадина музика од Бочели и да си ставите чашка вино додека го подготвувате совршениот ручек.

1. Ориз (Riso)

Состојки за 4 лица:

  • 240 гр ориз
  • 2 л вода
  • 60 гр сушени капери во прав
  • 35 гр цитрон
  • 160 гр планински путер
  • 160 гр Пармиџано Реџано
  • 30 гр шеќер
  • 15 гр гел од лимон
  • 3 гр никулци од сончоглед

podgotvete oriz na italijanski nacin i desert od tikva so sos od bademi i portokal-02.jpg

Постапка:

  • Цитронот се кандира така што се сече на мали коцки и се става под вакуум со вода и шеќер.
  • За гелот од лимон: лушпите од лимон се бланшираат 6 пати (секојпат се започнува со ладна вода), а потоа се блендираат заедно со сок од еден лимон.
  • Каперите се сушат така што се ставаат во плех и се печат во рерна на 180 степени час и половина, притоа отварајќи ја повремено рерната за да излезе влажноста. Штом ќе се исушат се мелат за да станат прав.
  • Во тава се пропржува оризот и потоа постепено се залева со зовриената вода додека се вари 11 минути.
  • Штом е готов надвор од оган се завршува готвењето со додавање на путерот и пармезанот.
  • Се остава неколку минути да стои, покриен со крпа.

Послужување:

Оризот се сервира во чинијата со помош на тркалезен калап, се поросува одозгора со капери во прав, се додаваат коцкичките кандиран цитрон и неколку капки гел од лимон и се декорира со никулци од сончоглед.

 2. Ориз, кафе, црн анасон и сол со арома на сладунец (Riso, caffè, anice nero e sale alla liquirizia)

Состојки за 4 лица:

  • 160 гр ориз

За бујонот:

  • 1 литар вода
  • 500 гр телешко месо (мускул)
  • 5 гр кафе во зрно
  • 1 гр црн анасон
  • 1 гр сол.

Пред сервирање:

  • 50 гр путер
  • 50 гр Пармиџано Реџано зреен 36 месеци

За сервирање:

  • 0,5 гр сол со арома на сладунец
  • 25 гр прав од кафе

podgotvete-oriz-na-italijanski-nacin-i-desert-od-tikva-so-sos-od-bademi-i-portokal-03.jpg

Подготовка:

  • За бујонот месото се вари во експрес лонец заедно со водата и зрната кафе, штом лонецот ќе засвири се остава уште 45 минути на тивок оган.
  • Потоа бујонот се филтрира и му се додава црниот анис 30 минути за да добие арома. Анисот се вади и бујонот повторно се загрева.
  • Во тава се пропржува оризот на малку стопен путер, потоа се залева со малку бело вино и се остава да испари алкохолот. Се посолува. Се готви со постепено додавање на бујонот, околу 17 минути.
  • Надвор од оган се додаваат путерот и пармезанот и се меша.
  • Се послужува поросено со ароматична сол и со кафе во прав.

 3. Тиква, сос од бадеми и портокал (Zucca, salsa di mandorle e arancia)

За 4 лица:

  • 500 гр Тиква
  • 50 гр лупени семки од тиква
  • 50 гр масло од семки од тиква
  • 10 гр горки бадеми
  • 40 гр слатки бадеми
  • 100 гр путер
  • 1 портокал

podgotvete-oriz-na-italijanski-nacin-i-desert-od-tikva-so-sos-od-bademi-i-portokal-04.jpg

Подготовка:

  • Бадемите се ставаат да стојат во вода 24 часа претходно.
  • Тиквата се лупи и се сече на две тркалезни парчиња од по 250 гр секое, кои се ставаат на плех за печење и малку се посолуваат.
  • Семките од тиква се запечуваат во рерна околу 2 минути, се оставаат да се изладат, а потоа половината од нив се ситнат во блендер а останатите се оставаат цели.
  • Бадемите се ставаат во апарат за цедење заедно со мал дел од нивната вода и постапката се повторува 3 пати додека не се добие сос од бадем.
  • Тиквата се сече во саканиот облик и се пече во рерна 20 минути, завиткана во алуминиумска фолија.
  • Потоа парчињата тиква се ставаат на тава на која претходно сме го загреале путерот и се пропржуваат додека благо се заруменат. Тиквата се остава да се излади.
  • Горната страна од парчето тиква се премачкува со масло и се поросува со мелените семки, потоа се сече косо на тенки парчиња.
  • Портокалот се сече на коцкички и се зачинува со малку сол и масло, се додава врз сечената тиква.
  • Сето тоа се поросува со целите семки од тиква и се посипува со малку сос од бадеми.

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава