Рецепт за слатки топчиња кои кријат новогодишни бои
Бомбиците во новогодишни бои се прават лесно, без печење, а се јадат со уште поголема леснотија.
фото: omgchocolatedesserts.com
Може да го означите почетокот на празниците токму со нивниот сладок вкус и новогодишните бои кои се откриваат кога ќе ги гризнете на половина.
Потребни состојки за подготовка на овие бомбици:
- 350g бело чоколадо исечкано на мали парченца
- 5 лажици несолен путер
- 3 лажици слатка павлака за готвење
- 1/3 шолја суви, ситно исечкани брусници
- 1/3 шолја ситно исечкани ф’стаци
- ½ шолја шеќер во прав
Подоготвка:
- Најпрво, стопете го путерот на тивок оган, па додадете ја слатката павлака и мешајте додека не се соединат.
- Полека истурајте го ситно сечканото чоколадо, мешајќи додека комплетно не се истопи. Но, никако не го враќајте садот на оган.
- На крај додадете ги ситно сечканите брусници и ф’стаци, па оставете смесата да се олади на собна температура 1 час. Најдобро е да го покриете садот со пластична фолија. Потоа ставете во фрижидер 2-3 часа.
- Кога смесата ќе се стврдне, вадете топчиња со лажица и валкајте ги во шеќер во прав.
- Вака подготвените топчиња може да стојат до 7 дена или подолго, доколку ги замрзнете.
фото: omgchocolatedesserts.com
фото: omgchocolatedesserts.com
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...