Посни рецепти кои вреди да ги послужите за Св. Никола и претстојните посни трпези

Ако веќе немате идеи што да послужите за Св. Никола (на 18-ти или 19-ти декември), за другите претстојни слави или едноставно за мезе и ручек во периодот на пости, Давор Панчевски познат како Dave’s Kitchen има испробано 6 одлични рецепти, на кои вреди да им дадете шанса. 

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi-01.jpgфото: Dave's Kitchen

Во пресрет на еден од поголемите празници, Св. Никола, кој многумина го празнуваат како слава или именден, сигурно ќе ви бидат потребни идеи за рецепти со кои ќе ја збогатите посната трпеза. 

За жал, годинава немаме можност славите да ги поминеме во поширок круг на роднини и пријатели како минатите години, но тоа не значи дека не треба да ги одбележиме со вкусна трпеза заедно со домашните. 

Секоја година ви нудиме идеи за посни рецепти, а овојпат решивме да пренесеме 6 испробани рецепти, зготвени од Давор Панчевски познат како Dave’s Kitchen

Посна салата со туна

Потребни состојки:

  • 1 kg варен компир
  • 1 главица кромид ситно исечкана
  • 10 кисели краставички ситно исечкани
  • 2 конзерви туна
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 лажичка буковец
  • 150-200 g посен мајонез

Начин на подготовка:

  • Сите состојки ставете ги во длабок сад и промешајте ги заедно додека не добиете една хомогена смеса.
  • Сервирајте со вкусен леб со сусам или крекери.

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi2.jpgфото: Dave's Kitchen

Крцкави панирани парчиња карфиол

Потребни состојки:

  • 1 главица обарен карфиол, расчепкан на мали парчиња
  • 100 g брашно
  • 150 ml вода
  • 2 лажички црвен пипер 
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 2 лажички шарена сол 
  • лебни трошки
  • Доматна салца за послужување

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад промешајте го брашното, водата, солта и мелениот црн пипер, црвениот пипер, шарената сол и лукот во прав.
  • Секое парче карфиол потопете го во смесата и извалкајте ги во лебни трошки.
  • Наредете ги парчињата карфиол на тава обложена со хартија за печење. 
  • Полејте малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.
  • Сервирајте со доматна салца.

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi02.jpgфото: Dave's Kitchen

Домашни  банички со праз

Потребни состојки:

  • 500 g кори за пита
  • 1 коцка квасец (40)
  • 12 лажици брашно
  • 300 минерална вода
  • 150 масло за готвење
  • 1 лажичка сол
  • праз (претходно испржен со сол и масло за готвење)

Начин на подготовка:

  • Најпрво во еден сад промешајте ги заедно квасецот, брашното, минералната вода и маслото за готвење.
  • Земете една кора и премачкајте ја со овој фил, нанесете праз и брзо свиткајте ја кората во ролат.
  • Ролатот превиткајте го во баничка.
  • Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-25 минути.

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi03.jpgфото: Dave's Kitchen

Посни ќофтиња (може да се искористат и за посен бургер)

Потребни состојки:

  • 200 просо сварено во 600 ml вода
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 зелена пиперка, ситно исечкана
  • 1 лажичка буковец
  • ½ лажичка суво оригано
  • ½ лажичка сув босилек
  • ½ лажичка лук во прав
  • 3-4 китки млад кромид, ситно исечкани
  • 4 лажици мелено ленено семе растворени во 12 лажици вода
  • 5-6 лажици брашно
  • 4-5 лажици масло од сусам

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад префрлете го свареното просо и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус, ситно исечканата пиперка, буковец, сувото оригано, босилек, лук во прав, млад кромид, и додајте ја смесата од мелено ленено семе и вода која сте ја оставиле да отстои 5 минути.
  • Додајте го брашното и маслото од сусам. Добро промешајте ја смесата и намастете ги рацете со масло од сусам.
  • Земете од смесата и формирајте мали плескавици.
  • Ставете ги во тавче обложено со хартија за печење и печете околу 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени.

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi04.jpgфото: Dave's Kitchen

Празнични пиварки

Потребни состојки:

За смеса:

  • 200 ml пиво
  • 400 ml масло
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • Кора од 1 лимон
  • 5 лажици шеќер
  • Околу 800-1000 g брашно

За шербетот:

  • 400 ml вода
  • 400 g шеќер
  • 1 пакетче ванила
  • Резанки од 1 лимон
  • Ореви за превалкување

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад замесете тесто од пивото, маслото, прашокот за печиво, ванилата, шеќерот и додавајте брашно колку да се замеси убаво мазно тесто.
  • Оформете ги пиварките по желба и наредете ги во тепсија која претходно ќе ја премачкате со масло за јадење.
  • Печете ги на 180 степени загреана рерна околу 20-тина минути или додека комплетно не поруменат.
  • Додека се печат пиварките, сварете го шербетот (сите состојки ставете ги да зовријат 5 минути) и додека се топли полејте го врз нив.
  • Кога ќе го впијат шербетот и комплетно ќе се изладат превалкајте ги во мелени ореви.

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi05.jpgфото: Dave's Kitchen

Посна бајадера

Потребни состојки:

За смеса:

  • 200 ml вода
  • 700 шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 250 маргарин
  • 300 мелени ореви
  • 300 мелени посни бисквити
  • 150 црно посно чоколадо
  • 100 бело посно чоколадо

За глазура:

  • 150 црно посно чоколадо
  • 4 лажици масло за јадење

Начин на подготовка:

  • Во тенџере на оган ставете ги заедно водата, шеќерот, ванилата и маргаринот да се растопат. Тргнете настрана и додајте ги мелените бисквити и ореви.
  • Промешајте и смесата поделете ја на два еднакви делови, а додека се сè уште топли додајте го црното чоколадо во едната и белото во другата смеса.
  • Во тавче обложена со хартија за печење ставете ја црната смеса, израмнете со помош на шпатула и врз неа додајте ја белата смеса.
  • Израмнете и полејте го растопеното чоколадо со 4-те лажици масло за јадење.
  • Оставете да се стегне и пресечете парчиња.

posni-recepti-koi-vredi-da-gi-posluzhite-za-sv-nikola-i-pretstojnite-posni-trpezi-06.jpgфото: Dave's Kitchen

На следната страна повеќе наши предлози за посни рецепти од минатите години...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепти со стар леб: 3 неодоливи оброци за сите гурмани Оние што обожаваат да го потопат парчето леб во сосот што останува од салатата с...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg