Совршен за појадок, ручек и вечера – солен тарт со богат и префинет вкус

Тарт или киш, сеедно кое име ќе го употребите, верувајте дека овој рецепт ќе ви стане поомилен дури и од стандардната пица која речиси сите ја обожаваме.

Solen-tart-01.jpg

Се прави лесно и брзо, а вкусот е исклучително богат и префинет. Совршено ќе се вклопи во секој оброк од денот, како и за брза закуска:

Потребни состојки:

За тестото:

  • 250g брашно
  • 120g маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сенф
  • Малку црвена мелена пиперка (зачин)
  • 1 лажица мелен лен
  • 2 лажици ладна вода
  • 1 лажица коњак
  • прстофат сол

За филот:

  • 3 јајца
  • 200 ml неутрална павлака за готвење
  • 200 g ајдамер или некој друг тип на тврд кашкавал
  • 100 ml млеко
  • сол
  • 1 голема главица црвен кромид

Начин на подготовка:

  • Соединете ги сите наведени состојки за тестото и откако ќе добиете еднолична смеса, ставете ја во фрижидерот. Најдобро е тестото да отстои прекуноќ. Немојте да се грижите за вкусот на коњакот, тој ќе испари. Неговата намена е кората да биде крцкава, а сенфот е тука да му даде пикантен вкус на тартот.
  • Префрлете го тестото за тартот во калап со кружна форма и избоцкајте го на неколку места со виљушка.
  • Печете околу 10 минути во загреана рерна на 200°C.
  • Во меѓувреме, изматете ги јајцата, додадете рендан кашкавал и останатите наведени состојки. Истурете ја оваа смеса врз полупеченото тесто и наредете крукчиња црвен кромид.
  • Продолжете со печење на 200°C додека тартот добро не порумени.
  • Доколку имате желба откако ќе се испече и добро ќе се олади, може врз него да додадете уште малку свеж, зготвен зеленчук по желба, како тиквички, шитаке печурки, пиперки или пак свежи маслинки. Изборот е ваш, но тартот е вкусен и без овие дополнителни додатоци.

Solen-tart (6).jpg

Solen-tart (5).jpg

Solen-tart (4).jpg

Solen-tart (3).jpg

Solen-tart (2).jpg

Solen-tart (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...

Најчитани неделава