Може да се јаде ладна и топла: Вкусна солена пита со печурки и пилешко од која ќе излижете прсти

Факт е дека најголемиот дел од нас се прејадовме за време на празниците, но тоа не значи дека ќе престанеме со подготовка на неодоливо вкусни рецепти. Секако, со внимателна консумација во однос на количината.

Vkusna-solena-pita-so-pecurki-i-pilesko-01.jpg

Овој пат подгответе вкусна, солена пита полнета со печурки и пилешко месо. Се прави брзо и лесно, а вкусот е апсолутно божествен:

Потребни состојки (за тепсија со пречник од околу 25 cm):

  • 300g готово лиснато тесто
  • 300g печурки
  • 200g бело, пилешко месо
  • 30g сечкан, млад кромид
  • 150g моцарела
  • 3 јајца
  • 3 лажици павлака
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Одмрзнатото лиснато тесто го развлекуваме со сукало и го нанесуваме на дното од тепсијата.
  • Краевите ги сечеме, со тоа што оставаме мал дел од тестото да „излегува“ од тепсијата, бидејќи тестото малку ќе се собере во текот на печењето. Го прободуваме тестото со виљушка на неколку места.
  • Врз тестото поставуваме алуминиумска фолија и истураме малку грав или ориз врз фолијата. На овој начин го печеме тестото во загреана рерна на 200ﹾС околу 10 минути.
  • Потоа го тргаме гравот или оризот, како и фолијата и печеме уште 5 минути. Го вадиме подготвеното тесто од рерната и го тргаме настрана.
  • Почнуваме со подготовка на филот. На малку масло го пропржуваме белото, пилешко месо (претходно исечкано на коцки). Пржиме додека не порумени добро. 
  • Го тргаме месото настрана и продолжуваме со пржење на печурките, кои претходно сме ги исечкале на покрупни парчиња.
  • Ја рендаме моцарелата, а младото кромитче го сечкаме ситно. 
  • Ги мешаме сите состојки: испрженото пилешко месо, печурките, моцарелата и младото кромитче. Ставаме сол и бибер по вкус и го распоредуваме филот врз тестото. Матиме јајца и павлака и додаваме уште малку сол.
  • Со течната смеса рамномерно ја прелеваме питата. Печеме уште 30 минути на 180ﹾС во загреана рерна.

Питата може да се јаде и ладна и топла. На здравје.

Vkusna-solena-pita-so-pecurki-i-pilesko (3).jpg

Vkusna-solena-pita-so-pecurki-i-pilesko (2).jpg

Vkusna-solena-pita-so-pecurki-i-pilesko (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава