За почетници во кујна: Најлесните кокосови колачиња
Почетниците во кујна нема да згрешат ако го испробаат овој вкусен десерт, а и љубителите на кокос нема да му одолеат.

Ова се веројатно најлесните колачи од кокос, потопени во чоколадо, кои нема шанси да не ви се погодат.
Кога ви се јаде нешто слатко и вкусно, а не планирате да трошите многу време ов кујна – овој рецепт ќе ве спаси.
Потребни состојки:
- 2 белки од јајце
- 65g шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- Прстофат сол
- 140g кокос
- 100g темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Прво одвојте ги белките од жолчките и ставете ги белките во сад.
- Додадете ја солта, ванилата и шеќерот и измешајте со миксер додека не добиете смеса на шлаг.
- Од смесата извадете топки со големина како за сладолед и поставете ги на хартија за печење.
- Печете 15 минути на 180 степени Целзиусови.
- Стопете го чоколадото и потопете го секое колаче од долната страна во чоколадо, па оставете го на хартија за печење, благо притискајќи.
- Оставете да се излади пред сервирање.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?...
„Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ
„Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Рецепт за почетници во кујна: Како да направите вкусни полнети пиперки?
Мирис на печени пиперки, вкусен ручек како кај мама или баба... Како да си напра...
Во кујна со Зорица: Рецепт за совршен велигденски милиброд (козињак)
„Козињакот е еден од оние рецепти што неизбежно се подготвува во нашиот дом за В...
Во кујна со Стефан Спирковски - Рецепт за здрави и брзи јапонски палачинки
Рецептите кои ги подготвува Стефан се со малку калории, лесни за подготовка и зд...