Здрави, слатки колачиња со бадемово брашно и (домашна) Нутела

Овие колачиња претставуваат одлична можност да вкусите нешто слатко без да се грижите за премногу калории или нездрави намирници. 

Zdravi-kolacinja-so-bademovo-brasno-01.jpg

Се прават од бадемово брашно и домашна Нутела, лесно и брзо што дури и почетник во готвењето нема да ги „промаши“. 

Потребни состојки:

  • 250 g бадемово брашно
  • 85 g путер или во замена вегански путер по желба (бадемов или путер од кикиритки)
  • 5 лажици стевија или засладувач по вкус
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 150 g Нутела или друг чоколаден крем во здрава варијанта

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180˚С. Поставете хартија за печење врз поголемо тавче и оставете го настрана.
  • Со миксер на средна брзина изматете го путерот (претходно оставен на собна температура) заедно со стевијата, а потоа додадете го екстрактот од ванила додека смесата не стане воздушеста и компактна.
  • Додадете прво ½ шолја бадемово брашно. Ќе забележите дека тестото ќе почне да станува ронливо, но и лесно лепливо доколку се притисне.
  • Откако ќе го додадете преостанатото бадемово брашно и смесата добро ќе се соедини, обликувајте мали топчиња од истата. Поставете ги врз хартијата за печење и со палецот притиснете го секое за да направите мало дно (сосема нормално е смесата малку да распукне).
  • Печете ги колачињата 12-14 минути или додека не добијат златнокафеава боја. Оставете ги да се оладат најмалку 10 минути после вадењето од рерната, затоа што се многу кршливи додека се топли.
  • Секое колаче наполнете го со половина лажичка купечка или домашна Нутела. Рецептот за домашна Нутела може да го видите ТУКА.

Zdravi-kolacinja-so-bademovo-brasno (2).jpg

Zdravi-kolacinja-so-bademovo-brasno (3).jpg

Zdravi-kolacinja-so-bademovo-brasno (1).jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...

Најчитани неделава