Најпопуларниот десерт на Пинтерест – Топол млечен колач

Топлиот млечен колач во последниве неколку недели на Pinterest бил пребаруван и сочуван 70.000 пати. Што е толку посебно кај него?

najpopularniot-desert-na-pinterest-topol-mlecen-kolac-001.jpg

Топлиот млечен колач е супер лесен за правење, без да извалкате многу садови и без да купувате скапи состојки.

Поради едноставноста може да се пече во секаков облик и да се украсува по желба.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 2 шолји шеќер
  • 1 лажичка ванила
  • 270g брашно
  • 2 ¼ лажичка прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 150g путер

najpopularniot-desert-na-pinterest-topol-mlecen-kolac-2.jpg

Подготовка:

  • Најпрво изматете ги јајцата во посебен сад, па додадете ги шеќерот, ванилата, брашното и прашокот за печиво. Мешајте додека не добиете кремаста смеса.
  • Во посебен сад загрејте го млекото со путерот со постојано мешање, додека не се соединат.
  • Додадете го млекото со путер во смесата со брашно. Измиксирајте неколку минути.
  • Прелијте го тестото во калап за печење. Печете на 175 степени 30-35 минути.

najpopularniot-desert-na-pinterest-topol-mlecen-kolac-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава