Ручек од 25 калории готов за неколку минути

Се работи за неверојатно флексибилен зеленчук кој е замена за бројни калорични состојки во кујната.

rucek-od-25-kalorii-gotov-za-nekolku-minuti-1.jpg

Освен во салати и прженици, карфиолот може да се претвори во многу необични рецепти – од пире, тесто за пица, до кремаст сос за макарони.

Но овојпат, ви предлагаме да го направите во облик на ориз – за ручек кој содржи само 25 калории, наместо 130 калории како обичниот бел ориз.

rucek-od-25-kalorii-gotov-za-nekolku-minuti-2.jpg

Подготовка:

  • Една главица карфиол добро измијте ја и исушете, тргнете ги листовите и исечете ги сите нечисти делови.
  • Насечкајте го карфиолот на помали гранчиња, па ставете ги во сецко за зеленчук или блендер. Кратко блендајте додека не добиете парчиња со големина на ориз.
  • Префрлете го иситнетиот карфиол во облик на ориз во една чиста крпа и истиснете го вишокот вода.
  • Префрлете во тенџере, кратко проварете и послужете како прилог.

Нискокалоричниот ориз може да се послужи со свеж или замрзнат зеленчук, со месо, салата или сосови по желба (секако зависно од додатоците, калориите се зголемуваат).

rucek-od-25-kalorii-gotov-za-nekolku-minuti-4.jpg

rucek-od-25-kalorii-gotov-za-nekolku-minuti-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...

Најчитани неделава