Рецепт за брза бајадера која се топи во уста

Ова е уште еден рецепт кој нема да ве „заглави“ во кујната со часови, а ќе добиете колаче од кое ќе ги излижете прстите.

recept-za-brza-bajadera-koja-se-topi-vo-usta-001.jpg

Подготовката е лесна, а консумирањето на колачето оди уште полесно.

Потребни состојки за брзата бајадера:

  • 250g мелени бисквити
  • 150g мелени ореви
  • 100g мелени печени лешници
  • 190g шеќер
  • 240g путер
  • 200g чоколадо за готвење
  • 100g бело чоколадо

Подготовка:

  • Направете сируп од 10 лажици вода, 190g шеќер и по желба, ванилин шеќер. Варете го 5-6 минути, па додадете 200g од путерот исечкан на коцки. Мешајте додека не се растопи.
  • Сувите состојки помешајте ги во длабок сад, па додадете го сирупот од шеќер и путер.
  • На пареа стопете 100g од црното и 100g бело чоколадо.
  • Смесата од бисквити, јаткасти плодови и сируп поделете ја на два дела – еден помал и еден поголем дел.
  • Во поголемиот дел додадете го растопеното бело чоколадо, а во помалиот дел ставете го растопеното темно чоколадо.
  • Во тепсија ставете хартија за печење, па натапкајте го темниот дел од смесата. Распоредете и порамнете. Додадете ја белата смеса и добро израмнете. Оставете колачето да се лади додека ја правите глазурата.
  • Стопете ги преостанатите 100g чоколадо со 40g путер и 1 лажица вода. Прелијте го колачот и вратете го на ладење.
  • Најдобро е да преноќи пред да сечете коцки.

bajadera-kolac-6.jpg

bajadera-kolac-5.jpg

bajadera-kolac-1.jpg

bajadera-kolac-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава