Без печење: Неодоливо вкусни бисквит коцки со банана – нема да сопрете на само една

Одлична комбинација на банана, плазма бисквити и чоколадо. Меки, кремасти, вкусни коцки кои се подготвуваат лесно и брзо.

Plazma-kocki-so-banana-01.jpg

Предизвикот е само да запрете откако ќе изедете една… ќе успеете ли?

Потребни состојки:

За подлогата

  • 300 gr бисквити (250 g мелени + 50 g издробени)
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 150 ml сок од портокал
  • 80 g омекнат путер

Добро соединете ги сите состојки. Смесата распоредете ја во калап со димензии 30×20 cm, но доколку немате слободно може да ја натапкате и во калап со помала димензија (коцките ќе бидат малку повисоки).

За кремот

  • 300 g мелени бисквити
  • 140 g шеќер во прав
  • 1-2 банани со средна големина
  • 400 g павлака со висока масленост 
  • 200 ml слатка павлака

Изматете ги двете видови на павлака. Останатите состојки изматете ги во посебен сад, а потоа соединете ја оваа смеса со онаа од павлаката. Рамномерно нанесете ја смесата врз тврдата подлога.

За преливот

  • 200 ml слатка павлака
  • 150 g млечна чоколада

Загрејте ја павлаката на тивок оган. Пред да започне да врие тргнете ја од ринглата и додадете ја чоколадата во неа. Мешајте додека чоколадата целосно не се стопи. Преливот нанесете го врз колачот и оставете добро да се стегне и да се олади пред да го исечете на коцки.

Plazma-kocki-so-banana_2.jpg

Plazma-kocki-so-banana_1.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава