Брза, кремаста паста со пилешко и сушени домати
Во деновите кога немате премногу време да заглавувате со часови во кујната, а сепак сакате да каснете нешто топло и хранливо, ви го препорачуваме следниот одличен рецепт.

Вкусна комбинација од тестенини, пилешко месо со печурки и сушени домати кои му даваат неодолив шмек на јадењето.
Потребни состојки:
- 1 лажица масло (може и од теглата со сушени домати)
- 450 g исечкани пилешки гради
- Сол и бибер по вкус
- 2 чешниња сечкан лук
- 220 g свежи, исечкани печурки
- 1 лажица брашно
- ½ шолја бело вино
- 1 шолја пилешки бујон
- 1 тегличка сушени домати во масло, исцедени од маслото и ситно исечкани
- ½ шолја павлака за готвење
- 230 g тестенини, зготвени според упатството на ќесичката
- Рендан пармезан и сечкан магдонос (по желба)
Начин на подготовка:
- Загрејте малку масло во подлабоко тавче на средна температура. Ставете го пилешкото на коцки, зачинете со сол и бибер и гответе додека не порумени.
- Додадете го сечканиот лук и печурките. Продолжете со готвење додека печурките не омекнат.
- Ставете 1 лажица брашно распоредувајќи ја рамномерно во тавчето и добро измешајте. Истурете го белото вино и оставете да се готви додека виното целосно не испари.
- Ставете го пилешкиот бујон во тавчето. Потоа додадете ги сечканите сушени домати.
- Оставете сосот да зоврие, а потоа намалете ја температурата на готвење и оставете да се готви уште 4-5 минути, без капак.
- На крајот додадете ја павлаката, промешајте и оставете да врие уште неколку минути додека не ја добиете посакуваната густина.
- Додадете ги зготвените и процедени тестенини во сосот.
- Наросете пармезан и сечкан магдонос по желба и послужете додека е топло.




(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Чорба со тортелини, домати и спанаќ - вкусно предјадење од кое ќе барате чинија плус
Тортелините за многумина се асоцијација за комплетен оброк. Но, ако ги искомбини...