Рецепт за марокански палачинки кои се печат само еднострано
Прелесни се за подготовка, а со вистинска леснотија и исчезнуваат од чинијата.

Најчесто се служат со путер и мед, прелиени додека се топли, но нема да погрешите и со некој намаз или крем.
Потребни состојки:
- 250g пченичен гриз
- 40g брашно
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка инстант квасец
- 1 прстофат сол
- 500ml топла вода
- 1 кесичка прашок за печиво
Подготовка:
- Во блендер ставете го гризот заедно со брашното, шеќерот, солта и квасецот. Додајте топла вода и измиксирајте.
- Додадете го прашокот за печиво на крај и мешајте уште неколку секунди.
- Тестото пресипете го во пластичен сад и оставете го да мирува 30 минути.
- Намачкајте го тавчето со путер или зејтин и добро загрејте. Ставајте вообичаена количина од тестото, но разликата е тоа што палачинките се печат само од едната страна, додека од горната се формираат меурчиња.
- Печете минута до две, додека тестото не се засуши.
- За најдобар вкус, палачинките редете ги една до друга, не една над друга како вообичаено.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера
Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...
Во кујна со Ксенија Деспотоска - Телешка чорба и домашно лепче, идеален оброк за цело семејство
„Нема ништо поубаво од неделните утра кога сите сме собрани заедно. Тие моменти ...