Пенести маршмелоу бонбони од само 6 состојки - можат да ги подготват и почетници (видео)

Пенесетите Маршмелоу бонбони можете да ги направите и сами дома со помош на овој едноставен рецепт. Некои сакаат овие бонбони да ги комбинираат со кафе, некои ги користат за декорации. Нивната подготовка е мошне едноставна, а вкусовите и боите можете да ги изберете сами.

VIDEO-Penesti-marshmelou-bonboni-od-pet-sostojki-se-pravat-lesno-gi-snemuva-brzo-01.jpg

Според корисниците на социјалните мрежи маршмелоу бонбоните што се подготвени дома се многу повкусни од оние што се продаваат во продавница.

За овој рецепт ви се потребни само неколку едноставни состојки, а готовите бонбони ќе ви бидат омилен додаток со топло кафе или какао.

Потребни состојки:

  • 250 g шеќер;
  • 30g желатин во прав;
  • 240ml вода;
  • растително масло со неутрален вкус;
  • ½ кафена лажица екстракт од ванила;
  • шеќер во прав (за посипување);

Начин на подготовка:

  • Желатинот се потопува во 120ml топла вода, се меша и се остава да омекне околу 10 минути;
  • Се зема калап или поголем плех и се премачкува со растително масло без вкус;
  • Во тенџере се става 250g шеќер и 120ml вода и се вари додека не се добиеме густ шербет;
  • Во шербетот се додава растопениот желатин, па се вари уште околу 1 до 2 минути, а потоа се трга од рингла (доколку има грутки од желатин, тие се толчат со шпатула);
  • Смесата се префрла во чист сад и се остава да се олади околу 2 минути;
  • Се мати со мискер на голема брзина сѐ додека смесата не добие бела боја или околу 5 до 6 минути, а потоа се додава екстракт од ванила и се мати уште малку;
  • Смесата се става во премачканиот калап (доколку сакате бонбоните да ги направите во повеќе бои, тогаш половина од смесата ја ставате во калапот, а во другата се додава прехранбена боја се меша, па се префрла во калап);
  • Вака подготвената смеса се остава да отстои 4 часа на собна температура, а потоа се посипува со шеќер во прав;
  • Смесата се става врз чиста работна површина и се сечат бонбони.

Видео упатство:

@floralapronblog Stormy wanted to learn how to make marshmallows, too ? #marshmallows #madeathome #recipevideo #bakingtiktok #sugar #EndlessJourney #fyp #foryou #homemadeisbetter ♬ original sound - Alyssa

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава