Луксузни колачиња вредни за маката и секое денарче – Фереро роше браунис
Понекогаш ни е потребно разгалување на душата, особено во тешки времиња како денешните. Доколку сте во потрага по луксузен рецепт кој ќе го задоволи вашето непце за слатко, ви ги претставуваме овие луксузни браунис колачиња со Фереро роше средина.

Потребни состојки:
- 250 g млечно или темно чоколадо (по желба)
- 225 g несолен путер
- 250 g мек кафеав шеќер
- 3 големи јајца
- 2 лажици сируп од лешник (по желба, опционално)
- 60 g какао во прав
- 70 g сенаменско брашно тип 400
- 50 g сечкани лешници
- 15-20 топчиња Фереро роше
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови и подмачкајте тавче со димензии 30 × 23 cm или 20 × 20 cm и поставете хартија за печење како подлога.
- На средна температура стопете го чоколадото и путерот додека не добиете мазна смеса.
- Во друг сад изматете ги јајцата, шеќерот, сирупот (доколку го користите) додека не ги соедините. Внимавајте да не мешате премногу долго.
- Во трет, помал сад измешајте го какаото, брашното и лешниците.
- Време е за соединување на смесите. Внимателно истурете ја смесата со стопено чоколадо и путер во смесата од јајца и шеќер. На крајот додадете ја мешавината од брашно, какао и лешници и внимателно мешајте додека не добиете густа, темна смеса.
- Истурете ја во подмачканото тавче за печење и почнете да ги ставате Фереро роше топчињата во смесата со нежно втиснување во неа. Идејата е да добиете по едно топче во секоја коцка брауни.
- Печете во загреана рерна од 45 до 55 минути или додека брауни колачот не стане цврст.
- Оставете целосно да се олади и потоа исечете на коцки и уживајте.





(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...