По рецептот на баба: Вкусни мафини со јагода кои не може да ги промашите

На пазарите и во маркетите веќе може да се најдат јагоди во изобилство. Иако ова пролетно овошје е мошне вкусно и здраво ако го јадете свежо, тоа е совршен додаток за торти, колачи и други десерти.

Brzi-mafini-so-jagodi-se-pravat-brzo-a-se-jadat-ushte-pobrzo-01.jpg

Овојпат ви претставуваме еден рецепт за брзи мафини со јагоди. Овие мафини се прават брзо и нема да ви одземат многу време, а ги снемува уште побрзо.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 g шеќер во прав
  • 80 g путер
  • 100 g остро брашно
  • 200 g јагоди

Brzi-mafini-so-jagodi-se-pravat-brzo-a-se-jadat-ushte-pobrzo-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Исчистете ги јагодите од зелените делови, измијте ги убаво и оставете ги да се исцедат.
  • Во меѓувреме подгответе го калапот: со четка намачкајте ги калапите со путер или масло за јадење и ставете хартиени корпи за печење внатре.
  • Путерот треба да биде на собна температура. Путерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер додека не добиеме мазна и компактна смеса.
  • Во оваа смеса полека додаваме по едно јајце и добро матиме со миксер по секое јајце.
  • Потоа во готовата смеса, полека го вмешуваме и брашното и на крајот ги додаваме и јагодите и мешаме со шпатула или со лажица.
  • Смесата со лажица ја префрламе во хартиените корпи во калапот и мафините ги печеме околу 20 минути на температура од 180 степени Целзиусови.

Brzi-mafini-so-jagodi-se-pravat-brzo-a-se-jadat-ushte-pobrzo-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: deposithotos.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...

Најчитани неделава