Вкусна и брза пита од јајца и спанаќ печени во рерна - идеална за појадок и вечера
Комбинацијата од спанаќ и фета сирење ќе ве воодушеви и вас, но и другите членови во семејството – од најмалите до најстарите. Дополнително, одлично е што за подготовка на овој појадок нема да ви биде потребно многу време.

Одлично е тоа што ова јадење може да се подготви и претходната вечер. Само ќе треба да го прекриете со фолија и да го ставите во ладилник, па следното утро само да го испечете.
Доколку пак, за некое чудо, ви остане од јадењето, можете да го чувате во затворен сад во ладилникот и до четри дена.
Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло;
- ½ кромид исечкан на коцкички
- 1 ½ лажичка сол
- 200g спанаќ
- 2 ситно исечкани чешниња лук
- 2 лажици ситно исечкан свеж копар (по желба)
- 12 големи јајца
- 500ml млеко
- 1 лажичка сенф
- ¼ лажичка црн бибер
- 150g издробено фета сирење

Начин на подготовка:
- Ја пуштаме рерната да се загрее на 190 степени Целзиусови. Плехот за печење го премачкуваме со маслиново масло.
- Во голема тава загреваме масло за пржење на средна топлина. Додаваме кромид, црн бибер и ½ лажичка сол. Запржуваме со повремено мешање, додека кромидот не омекне, или околу 5 минути.
- Ги додаваме спанаќот и лукот и пржиме уште околу 3 минути.
- Ги тргаме состојките од оган и го вмешуваме копарот. Ја префрламе добиената смеса во плех за печење и распоредуваме рамномерно.
- Во поглем сад ги ставаме јајцата, млекото, сенфот, уште една лажичка сол и бибер и мешаме додека да се соединат сите состојки.
- Добиената смеса ја прелеваме врз првиот слој од спанаќ и кромид. Рамномерно наросуваме од издробеното фета сирење.
- Го ставаме јадењето да се пече во рерна сè додека не добие убава златно-кафеава боја. Пред да почнете да сечете, добро е да го оставите пет минути да се олади.
Добар апетит!

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода
Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...