Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Торта со омиленото летно овошје: Павлова торта со јагоди – ќе ја направат и почетници во кујна

Оваа лесна торта е омилена кај сите генерации. Вообичаено внатрешноста е мека и наликува на маршмелоу, а надворешниот дел е крцкав. Додадете и вкусно сезонско овошје и имате прекрасен летен десерт, што воедно е мошне лесен за приготвување, а е многу вкусен.

Leten-desert-so-krckava-kora-i-meka-vnatreshnost-kako-marshmelou-Pavlova-torta-so-jagodi-01.jpg

Оваа торта е посветена на руската балерина Ана Павлова, а е мошне популарна во Австралија и во Нов Зеланд.

Основата на тортата е во белките од јајца, шеќерот и густин. Доколку имате миксер со сад, тогаш подготовката е уште полесна, затоа што практично само ќе треба да почекате додека тортата сама да се направи.

Состојки:

  • 4 поголеми белки од јајца
  • 200g шеќер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка јаболков оцет (може бел оцет или сок од лимон)
  • 1 голема лажица густин

Подготовка:

  • Пуштете ја рерната да се загрее на температура од 170 степени Целзиусови. Обложете плех со хартија за печење. Нема потреба да ставате масло на хартијата.
  • Со миксер се матат јајцата додека да добиеме густа бела смеса, околу 5 минути.
  • Шеќерот го додаваме на двапати, со растојание од околу 30 секунди помеѓу првото и второто додавање. Продолжуваме да матиме на најголема брзина сé додека не добиеме густа шам смеса или околу 2 минути. Смесата треба да биде густа, а тоа можете да го проверите така што ако ги извадите маталките од миксерот и ги свртите нагоре, шлагот не треба да паѓа.
  • Додавате екстракт од ванила и матите уште 1 минута.
  • Со гумена шпатула во смесата вмешуваме лажичка оцет и густин.
  • Добиената смеса ја ставаме на хартија за печење. Ја формираме во форма на длабока чинија со високи рабови и отвор во средината.
    Leten-desert-so-krckava-kora-i-meka-vnatreshnost-kako-marshmelou-Pavlova-torta-so-jagodi-03.jpg
  • Тортата ја ставаме да се пече и ја намалуваме температурата на 90 степени Целзиусови. Тортата се пече додека не стане цврста и сува или околу 90 минути.
  • Доколку има потреба, односно ако забележите дека некои делови од тортата стануваат кафеави, тогаш свртете го плехот за време на печењето. Сепак, потрудете се колку можете помалку да ја отворате рерната.
  • По ова исклучете ја рерната и оставете ја тортата да се олади внатре. Кога тортата ќе се излади можете да ја чувате прекриена на собна температура и до два дена или да ја сервирате веднаш.

Додатоци:

Што се однесува до додатоците, оваа торта можете да ја комбинирате со шлаг и јагоди, но може да ја надополните и со друго сезонско овошје и бобинки.

По желба може да декорирате и со чоколаден прелив и сечкани јаткасти плодови. 

torta-so-omilenoto-letno-ovoshje-pavlova-torta-so-jagodi-kje-ja-napravat-i-pochetnici-vo-kujna.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg