Редена торта со јагоди – за кога немате ништо благо во фрижидер

Сезоната на јаготки треба да се искористи максимално, па ова е уште еден сладок рецепт како да ги вклучите во лесните, пролетни и летни десерти.

redena-torta-so-jagodi-za-koga-nemate-nisto-blago-vo-frizider-01.jpg

Редената торта со јагоди и шлаг се подготвува за 15 минути, без печење и е спас кога немате ништо благо во фрижидерот.

Потребни состојки:

  • 500g јагоди
  • 300ml слатка павлака
  • 200g павлака со повисока масленост
  • 100g шеќер
  • 200g пишкоти
  • 200ml ладно млеко за пишкотите
  • Малку екстракт од ванила
  • Малку лимон

Подготовка:

  • Најпрво, одберете го садот во кој ќе ја правите тортата.
  • Исчистете ги јагодите, измијте ги и прелијте ги со неколку лажици лимонов сок.
  • Со миксер изматете ја павлаката, па кога ќе се згусне додадете го шеќерот, малку по малку. На крај истурете го и милерам кремот (или павлаката), па миксирајте уште 1-2 минути, додека добиете крем смеса.
  • Во ладното млеко ставете го екстрактот од ванила и промешајте.
  • Потопете ги пишкотите, една по една, па наредете еден ред во садот кој го обравте.
  • Врз нив ставете ред од кремот и ред сечкани јаготки.
  • Повторувајте додека не го наполните садот, односно додека не го истрошите материјалот.
  • Нека отстои неколку часа во фрижидер пред послужување.

redena-torta-so-jagodi-za-koga-nemate-nisto-blago-vo-frizider-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава