„Капрезе кростини“ мини пици – донесете го вкусот на Италија во вашиот дом

Што се кростини? Кростини значи „мали лепчиња“. Овие потпечени или тостирани мали лепчиња се популарно италијанско мезе кое може да го комбинирате практично со сè што ќе ви дојде на памет – кашкавал, овошје, мед, пршута или во нашиот случај – фил кој неодоливо потсетува на пица.

Kapreze-krostini-01.jpg

За само 10 минути ќе имате совршено мезе кое во себе го носи мирисот на Италија, лесно, здраво и вкусно.

Потребни состојки:

  • 8 парчиња исечкан чијабата леб
  • 8 парчиња моцарела
  • 1-2 лажици маслиново масло
  • ½ шолја доматен сос
  • ½ шолја рендан пармезан (или кашкавал по ваш вкус)
  • 1 лажица балсамиран оцет
  • Сол, лук во прав, свежо сечкан босилек

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 190ﹾС. Поставете ги исечканите лепчиња врз хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло од двете страни и зачинете со сол и лук во прав.
  • Печете ги лепчињата по 3 минути од двете страни.
  • Извадете ги лепчињата и премачкајте ги со доматен сос. Врз секое од лепчињата ставете по 1 парче моцарела и рендан пармезан или кашкавал по вкус.
  • Вратете ги лепчињата во рерната и печете дополнителни 4 минути и уште 1-2 минути на највисока температура. Кога кашкавалот целосно ќе биде стопен и заруменет, извадете ги лепчињата. Додадете свежо сечкан босилек и малку балсамико оцет.
  • Послужете ги лепчињата додека се топли.

Kapreze-krostini (3).jpg

Kapreze-krostini (5).jpg

Kapreze-krostini (1).jpg

Kapreze-krostini (4).jpg

Kapreze-krostini (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава