Лесен ручек за летните денови: Лазања од зеленчук и кашкавал
Во деновите кога е претопло, ретко кој сака да јаде тежок ручек со месо и тестенини, па ова е вкусна, вегетеријанска замена за традиционалната лазања.

За подготовка на овој рецепт ќе ви биде потребен само зеленчук и млечни производи. Наместо тестенини, лазањата ќе ја правите со редови од тиквички и модар домат.
Состојки:
- 300 g модар домат
- 300 g тиквички
- 300 g домати
- 150 ml масло за јадење
- 350 g кашкавал
- 3 jajцa
- 250 ml кисела павлака
- 1 лажичка сол
- Зачини по вкус
Подготовка:
- Модриот домат и тиквичките се мијат и се лупат, а потоа се сечат на кругови или на потенки ленти. Посолете ги и оставете да отстојат во чинија околу 1 час за да испуштат течност, а во меѓувреме исечете ги и доматите на кругови.
- Премачкајте го плехот со масло и наредете прво модар домат, па повторно премачкајте со масло, па ставете домати, па тиквички и одозгора наредете кашкавал. Ова го повторуваме сè додека не ги потрошиме сите состојки. Завршете со тиквички одозгоре и прелијте ги со преостанатото масло. По желба може и одозгора да додадете рендан кашкавал.
- Лазањата покријте ја со фолија и ставете да се пече околу 20 минути на 200 степени Целзиусови или додека тиквичките не добијат убава румена боја.
- Кога ќе биде при крај, тргнете ја фолијата. Прелијте ја готовата лазања со 3 изматени јајца и кисела павлака. Вратете во рерна уште малку да се запече.
Ова јадење се јаде топло, а доколку имате остатоци можете слободно да ги стоплите наредниот ден.


Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...