Најлесниот рецепт за брза сладолед торта
Супер десерт за изненадни гости, но и супер изненадување за домашните во овие пеколно жешки денови.

Слатка, кремаста и брза за подготовка, во неколку чекори ќе направите освежување за кое сите ќе ви бидат благодарни.
Потребни состојки:
- 170g чоколадни бисквити
- 50g путер
- 100g темно чоколадо
- 500g слатка павлака
- Малку ванила арома
- 200g кондензирано млеко
- 2 лажици какао
Подготовка:
- Иситнете ги чоколадните бисквити во блендер, па промешајте ги со стопениот путер и 1 лажица слатка павлака. Втиснете ги во еден калап, како да правите чизкејк подлога.
- Стопете го чоколадото со 100g слатка павлака.
- Во друг сад изматете ја павлаката со кондензираното млеко. Добиениот крем поделете го на два дела, од кои во едниот ќе ставите какао.
- На крајот двата кремасти слоја ставајте ги на подлогата, како што е прикажано во видеото.
- Површината на тортата измазнете ја и прелијте со стопеното чоколадо.
- Оставете да отстои во замрзнувач и извадете 15-тина минути пред послужување, за да може да пресечете парчиња.
https://www.youtube.com/watch?v=gO68nxk67qk
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...