6 едноставни сосови со кои ќе ги претворите обичните тестенини во вкусен деликатес
Песто сос
Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 шолја свеж босилек
- 1 чешне лук
- 40 грама пињоли
- 50 грама рендан пармезан
- Сол по вкус
Начин на подготовка:
- Во блендер измешајте ги босилекот, кромид и пињолите, додајте малку сол и маслиново масло и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
- Додајте го пармезанот и добро измешајте.
Туна сос
Потребни состојки:
- 3 домати
- 1 конзерва туна
- 100 грама павлака
- 1 лажица мед
- Маслиново масло
- 1 лажица сушен лук или неколку чешниња свеж лук
- Сол, бибер, црвен пипер
Начин на подготовка:
- Полијте ги доматите со врела вода, излупете ги и исечете ги на големи коцки.
- Во тава со загреано масло ставете ги доматите, лукот и медот. Пржете 2-3 минути, па додајте ги туната, павлаката, солта, црвениот пипер и биберот. Покријте ја тавата со капак и гответе на тивок оган околу 5 минути.
- Истурете ги тестенините во тавата со сосот, добро измешајте, па тргнете од оган.
Сос со печурки
Потребни состојки:
- 750 грама шампињони
- 230 милилитри хопла за готвење
- 2 лажици соја сос
- 1-2 чешниња лук
- Сол и бибер
Начин на подготовка
- Исечкајте ги печурките на тенки парчиња и пржете ги додека не испари течноста.
- Додајте ги хоплата и соја сосот. Гответе со постојано мешање околу 5 минути, а на крај додајте ги зачините и лукот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...