Најевтината летна салата е и највкусна – од домати и стар леб
Panzanella е модерниот збор за најевтината и највкусната салата која може да ја направите како цел летен оброк.

Италијанците отсекогаш се поврзуваат со храната во која е вклучена магијата на маслиновото масло, свежите домати и домашното сирење.
Panzanella е салатата која ќе ве освежи без да ви го испразни џебот.
Потребни состојки:
- 1kg домати
- 2 лажици крупна морска сол
- 350g стар, бајат леб
- 150ml маслиново масло
- 1 виолетов кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици оцет или балсамико
- Малку бибер и босилек
- 1 парче сирење по желба
Подготовка:
- Во голем сад исечкајте ги доматите, па заедно со солта оставете ги да отстојат додека не пуштат сок.
- За тоа време загрејте ја рерната, помешајте го стариот леб исечкан на коцки со малку маслиново масло и печете 15-тина минути на 180 степени, додека не добиете крутони.
- Во садот со доматите, додадете ги и сите останати состојки. Лукот може да го сечкате или да го истолчите.
- На крај помешајте го лебот со салатата и оставете да впие од сокот од доматите околу 30-тина минути.
- Послужете ја салатата ладна и дополнете со чаша бело вино.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...