Совршено благо за сите оние кои се на диета – без јајца, шеќер и бело брашно
Секоја од овие совршени коцки брои само 150 калории, што да признаеме, за десерт и не е така многу. Ова здраво колаче ќе стане вашето омилено слатко задоволство. Во неговиот состав нема бело брашно, нема бел шеќер, ниту пак јајца, што значи дека може да уживате во истиот без грижа на совест.

Потребни состојки:
- 90 g брашно од спелта
- 30 g какао
- 50 g еритритол (замена за шеќер)
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 зрели банани
- 50 ml млеко од бадем
- 30 ml масло од семки од грозје
- 50 gr путер од кикиритки
- 20 g мед
- 20 g темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад измешајте го брашното, какаото, еритритолот и прашокот за печиво. Добро промешајте додека сувите состојки не се соединат.
- Зрелите банани изгмечете ги со виљушка во друг сад. Во нив додадете го бадемово млеко и маслото од семки од грозје. Добро измешајте сè.
- Третиот чекор е соединување на сувите и течните состојки. Добро измешајте со лажица. Истурете ја смесата во сад (со димензии 15×15 cm), подмачкан со малку масло и обложен со хартија за печење. Рамномерно распределете ја смесата со шпатула.
- Печете го колачето во загреана рерна на 200ﹾС околу 25 минути. Додека се пече, стоплете го путерот од кикиритки и помешајте го со медот.
- Откако колачето ќе се испече, извадете го од калапот и премачкајте го со слаткиот прелив. На крајот додадете рендано или сечкано темно чоколадо врз колачот. Добро оладете го колачот пред сервирање.


(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...