Совршени солени залчиња – пица тиквички, одлични за летно мезе

Потребата е мајка на иновацијата, а она што ни е потребно, особено за време на летниот период, се вкусни, но брзи и нискокалорични оброци.

Pica-tikvicki-odlicno-letno-meze-01.jpg

Пица тиквички! Звучи неверојатно, а сепак се прават толку лесно и вкусно, што ќе станат задолжителен дел од сечие мени.

Потребни состојки:

  • 1 поголема тиквичка (околу 300 g)
  • 60 g црвени пиперки
  • 60 g шампињони печурки
  • 30 g црвен грав од конзерва
  • 20 g кечап
  • Сол и оригано
  • Рукола
  • 20 g сечкани маслинки

Начин на подготовка:

  • Излупете ја тиквичката и исечкајте ја на подебели кругови. Поставете ги тркалцата во сад за печење обложен со хартија.
  • Ситно исечканата црвена пиперка и печурките ставете ги врз парчињата тиквичка. Црвениот грав оди над нив.
  • Врз секоја „мини-пица“ од тиквичка додадете мала количина на кечап и зачинете со сол и оригано.
  • Печете ги во загреана рерна на 200ﹾС околу половина час.
  • По желба додадете сечкани маслинки и рукола или пак малку рендан кашкавал при крајот на печењето, доколку не се храните строго вегански.

Pica-tikvicki-odlicno-letno-meze-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Кифлички со маслинки и морков по турски рецепт - ќе ги обожаваат сите Турските јадења и рецепти се многу прифатени и во нашата кујна, па можеби веќе и...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава