Најбрзиот летен колач: Помешајте јогурт, бисквити и овошје

Кога времето ќе затопли, никој не сака да ѝ се доближи на рерната. За овој десерт не ви треба ништо, освен ладни состојки.

najbrziot-leten-kolac-pomesajte-biskviti-jogurt-i-ovosje-001.jpg

Најбрзиот летен колач има лесен вкус и флексибилен рецепт, што го прави идеален за сите кои сакаат нешто вкусно без многу вложено време.

Состојките се следни:

  • 1kg бисквити
  • 1l јогурт
  • 50g шеќер во прав или засладувач по желба
  • 500g измиени и исечкани јагоди или друго овошје по желба
  • 300ml слатка павлака за матење
  • Маргарин или путер за подмачкување

Подготовка:

  • Во голем сад ставете ги искршените бисквити. Прелијте со јогуртот и измешајте.
  • Ставете го исечканото овошје, па на крај додадете го и шеќерот или засладувачот. Добро промешајте.
  • Премачкајте една тепсија со средна големина, со путер или маргарин и смесата распоредете ја во неа.
  • Од слатката павлака направете шлаг и прелијте преку колачот.
  • Оставете го во фрижидер неколку часа, најдобро да преноќи, за бисквитите да омекнат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава