Тоскански деликатес - фетучини со пилешко и сланина во кремаст сос

Донесете го вкусот на Италија во вашата кујна. Вкусни фетучини во комбинација со пилешко, сланина, зеленчук и пармезан, споени во неодоливо богат, раскошен кремаст сос.

Toskanski-delikates-01.jpg

Потребни состојки:

  • 340g тестенини фетучини
  • 4 парчиња сланина ситно исечкана
  • 450g бело пилешко месо, исечено на ленти
  • 2 чешниња лук, ситно сечкан
  • 4 мали домати, исечкани
  • 1 шолја неутрална павлака за готвење
  • 150g бејби спанаќ
  • ½ шолја рендан пармезан
  • 3 лажици ситно сечкан свеж босилек
  • Сол и црн бибер

Начин на подготовка:

  • Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето и исцедете ги од вишокот вода.
  • Во меѓувреме, додека се варат, почнете со пржење на сланината во ладно, незагреано тавче на средна температура. Кога сланината ќе стане златна и крцкава (после 8 минути од прилика) префрлете ја во друг сад.
  • Зачинете го пилешкото по желба и додадете го во тавчето каде што ја пржевте сланината. Откако ќе се зготви, префрлете го и пилешкото кај сланината.
  • Во тавчето ставете го лукот и пропржете го околу 30 секунди додека не пушти малку мирис. Додадете ги доматите и павлаката за готвење и промешајте. Почекајте додека не почне да врие, па додадете го спанаќот и добро измешајте.
  • На крајот додадете ја сланината, пилешкото и сварените фетучини. Дозволете тестенините добро да го впијат сосот и додадете рендан пармезан и свеж босилек.

Toskanski-delikates-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...

Најчитани неделава