Најдоброто „Маргарита“ пилешко кое ќе го пробате во животот – ќе ви потечат лиги
Сме прочитале и испробале стотици рецепти за пилешко во животот и сепак, никогаш доста. Обожаваме пилешко затоа што се подготвува брзо и лесно, вкусно е, здраво и може да се комбинира со многу други состојки, а вкусот секогаш да биде фантастичен.

Овојпат, инспирирани од Медитеранот, испробајте го пилешкото „Маргарита“ од кое дефинитивно ќе ви потечат лиги.
Потребни состојки:
- 1 лажица ладно цедено маслиново масло
- 500 g пилешки гради
- Суво оригано, сол, црн бибер
- ¼ шолја бело вино
- 4 лажици путер
- 3 чешниња исечкан лук
- Сок од 1 свежо цеден лимон
- 1 шолја рендана моцарела
- 1 шолја песто сос
- 2 шолји сечкани шери домати
- Малку рендан пармезан (по желба)
Начин на подготовка:
- Во длабока тава за готвење, на средна температура, загрејте го маслото. Зачинете го пилешкото месо со сол, бибер, оригано, или други зачини по вкус.
- Ставете го во тавата и гответе додека добро не порумени, околу 6 минути од секоја страна поединечно.
- Префрлете го пилешкото на чинија. Истурете го белото вино во тавата во којашто се пржеше месото и почнете да мешате со дрвена лажица.
- Додадете го путерот и мешајте додека целосно не се растопи. Потоа додадете го сокот од лимон и лукот.
- Вратете го пилешкото месо во тавата и врз секое парче ставете моцарела. Почекајте додека целосно не се стопи, околу 1 минута.
- Ставете песто сос врз моцарелата, додадете ги шери доматите и по желба ставете рендан пармезан.
Послужете додека е топло.




(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...