Домашни баунти бомбици кои се топат во уста – како да ги направите сами?

Го имаме рецептот за најбрзите, најлесните и највкусните баунти колачиња кои може да ги направите сами, дури и ако сте почетник во кујна - ви требаат 4 состојки.

domashni-baunti-bombici-koi-se-topat-vo-usta-kako-da-gi-napravite-sami-1.jpg

Љубителите на кокос нема да одолеат на овој рецепт, а со сигурност нема да доброите колку колачиња ќе изедете. 

Овие баунти бомбици се прават многу брзо и лесно, а се топат во уста.

Потребни состојки:

  • 190g грчки јогурт
  • 200g кокосово брашно
  • 10ml мед
  • Темно чоколадо, стопено

Начин на подготовка:

  • Измешајте го кокосовото брашно со грчкиот јогурт и медот и мешајте додека добиете хомогена смеса.
  • Направете топчиња од тестото, наредете ги во сад и оставете ги во фрижидер барем 30 минути да се стврднат.
  • Пред да ги извадите од фрижидер кокосовите топчиња, стопете го чоколадото.
  • Ставете стапчиња за ражничи во топчињата и потопете ги во стопеното чоколадо, а потоа оставете ги на хартија за печење да се изладат.

https://www.youtube.com/watch?v=BAZdt4FbBPw&ab_channel=Cookist

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...

Најчитани неделава