Есенско колаче од една смеса, прелиено со чоколадо

Есенско колаче кое на сладок начин ќе ја најави новата сезона...

esensko-kolace-od-edna-smesa-prelieno-so-cokolado-01.jpg

Испробајте го овој ароматичен рецепт кој е комбинација од јаболка, ореви, цимет, рум и чоколадо.

Потребни состојки:

  • 120g мелени ореви
  • 200g крупно нарендани јаболка
  • 200g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150ml масло
  • 250ml млеко
  • 320g гриз
  • 80g суво грозје
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка рум

За глазура:

  • 100g чоколадо за готвење
  • Малку путер (околу 30g)

Начин на подготовка:

  • Сите состојки за колачот измешајте ги во еден длабок сад, па прелијте ги во калап за печење, кој претходно ќе го намачкате со малку масло или путер.
  • Колачот се пече на 20-25 минути на температура околу 170-180 степени Целзиусови.
  • По печењето, добро оладете го колачот и потоа прелијте го со глазурата од топено чоколадо и малку путер.

Служете го колачот со шолја кафе или чај.

esensko-kolace-od-edna-smesa-prelieno-so-cokolado-02.jpg

М. Д. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...

Најчитани неделава