Викенд ручек: Полнета тиква со месо и кашкавал
Иако кај нас тиквата се смета за сладок есенски деликатес, постојат и повеќе солени рецепти со неа.

Како на пример, овој ручек кој вклучува тиква, мелено месо и кашкавал.
Потребни состојки:
- 1 тиква (округла)
- 350g мелено месо
- 50g рендан кашкавал кој лесно се растопува
- 1 главица кромид
- 1 лажичка сол
- Зачини по желба

Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Измијте ја тиквата, отстранете го врвот и извадете ја внатрешноста полна со семки.
- Исечкајте го кромидот на ситни парчиња и пропржете го на масло, додека не стане проѕирен.
- Потоа додадете го месото заедно со сите зачини. Добро пропржете.
- Наизменично полнете ја тиквата со ред мелено месо, па ред кашкавал.
- Завршете со подебел слој кашкавал и затворете со горниот дел кој го исековте на почетокот.
- Ставете ја тиквата на тава обложена со хартија за печење и печете околу 30-тина минути на 180 степени. Служете додека е топла.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...