Компир салата која може да помогне во проблемите со тироидата и ги нормализира хормоните

Хашимото болеста, која е предизвикана од хипотироидизам, е раширен здравствен проблем кој се карактеризира со забавена работа на тироидата.

kompir-salata-koja-gi-reshava-problemite-so-tiroidata-i-gi-normalizira-hormonite-001.jpg

Со овој проблем се борела и Магдалена Вселаки, сертифициран тренер по холистичко здравје, па затоа и осмислила бројни рецепти за подобра работа на тироидата, меѓу кои е и оваа салата од компир.

Секако, тоа не значи дека секому ќе биде од корист и ќе направи чудо, но намирниците имаат моќ да помогнат при решавање на проблеми со тироидна жлезда и хормони.

Исто така, ова не значи дека секој оброк треба да го замените со оваа салата, но често може да ја практикувате како здрав и корисен избор за оброк.

Времето на подготовка на оваа салата не е подолго од 20 минути, а времето за варење на компирите е 45 минути, што значи за 1 час може да си направите вкусен, домашен лек.

Потребни состојки:

  • 1kg црвени компири
  • 1 лажица морска сол
  • 4 парчиња сланина
  • 100g кисела зелка
  • 2 лажички сенф
  • 30g насечкан млад кромид
  • 100g мајонез
  • 30g расол од киселата зелка или 2 лажички јаболков оцет

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175 степени. Испечете ја сланината за 45 минути, на хартија за печење, додека не добие кафеава боја.
  • За тоа време, сварете ги и компирите во вода со сол.
  • Кога компирот ќе се олади, исечкајте го на коцки со средна големина. Додадете ги сите останати состојки и добро промешајте.
  • Оладете пред да консумирате.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава