Рецепт за сладок, кремаст сос од тиква, со мирис на есен
Во него може да се мацне парче овошје, крекер или јаткасти плодови, а највкусен е токму во сезоната на тиквите и есента.

Идеално се вклопува со шолја топол чај или како лесен десерт.
Потребни состојки:
- 230ml павлака за матење
- 430ml пире од печена тиква
- 1 сварен инстант пудинг од ванила
- Слатки зачини – цимет, мускатно оревче, ѓумбир
Подготовка:
- Сварете го пудингот од ванила како и вообичаено и добро оладете го.
- Измешајте го пирето од тиква со пудингот и додадете ги сите слатки зачини.
- Изматете ја павлаката додека не добиете шлаг и помешајте ги двете смеси заедно.
- Послужете во длабок сад или повеќе длабоки чинии, а на страна наредете слатки вафли, палачинки, бисквити, свежо овошје и јаткасти плодови.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...