Необичен, но вкусен рецепт – потпечени лепчиња со кашкавал, карамелизиран кромид и јаболка
Доколку сте во потрага по нови и необични вкусови и сте прилично храбри кога станува збор за експерименти во кујната, ова е вистинскиот рецепт за вас.

Крцкави, потпечени лепчиња наполнети со карамелизиран кромид, кашкавал и – јаболка. Можеби звучи чудно, но симфонијата на вкусови е неверојатна.
Вистински есенски рецепт што ќе ви ја стопли душата. Нема да се покаете.
Потребни состојки:
- 3 лажици солен путер
- 2 главици кромид, тенко исечкани
- Сол и бибер
- ¾ шолја сајдер од јаболка
- 4 парчиња пршута
- 8 парчиња леб по избор (можете да употреби бриош, обичен бел леб, леб од кисело тесто или пак интегрален)
- 2 лажици маслиново масло
- 3 шолји рендан кашкавал (најдобро е да употребите ајдамер и гауда)
- 1 големо јаболко исечкано на тенки парчиња
Начин на подготовка:
- Стопете го путерот во поголемо тавче за пржење на средна температура. Кога ќе се стопи, додадете го кромидот и гответе го околу 3 минути додека не омекне.
- Додадете половина од сајдерот од јаболка, зачинете по вкус со сол и бибер и оставете го кромидот да се готви уште минути или додека сајдерот не испари.
- Потоа додадете го преостанатиот дел од сајдерот и гответе уште 5 минути додека кромидот не се карамелизира. Тргнете го зготвениот кромид настрана.
- Запечете ја пршутата на средна температура околу 2 минути од секоја страна, додека не стане крцкава.
- Секое парче леб премачкајте го со малку маслиново масло. Врз лепчето ставете рендан кашкавал, карамелизиран кромид, сечкани парчиња јаболка и пршута. Поклопете го со другото лепче кое исто така сте го премачкале со маслиново масло.
- Запечете ги сендвичите во тавче додека добро не поруменат двете страни од лепчето, од 3-5 минути од секоја страна. Додадете путер доколку е потребно за да не ви се залепат. Сервирајте додека е топло.






(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...