Рецепт за крцкави и сочни ролатчиња со месо - од готови кори, без месење

Не мора да бидете експерт за сукање и за подготвување тестенини за да можете да ја приготвите оваа брза и вкусна пита со месо. Потребно ви е малку трпение за да подготвите вкусна пита што ќе му се допадне на целото семејство.

ne-treba-da-ste-ekspert-za-sukanje-recept-za-brza-pita-so-meso-so-gotovi-kori-01.jpg

Најдоброто е што оваа пита се подготвува со готови кори, па нема да биде потребно да губите време на сукање и на месење.

Потребни состојки:

  • 500 g готови кори за пита
  • 200 g мелено јунешко месо
  • 2 поголеми главици кромид
  • Сол, бибер
  • 3 јајца
  • ½ l јогурт со поголема густина
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 2 dl масло за јадење
  • Малку вода

Подготовка:

  • Кромидот се сечка и се пропржува на две лажици претходно загреано масло за јадење.
  • Се додава меленото месо и му се додава сол и бибер по вкус, па заедно се пржи на средна температура уште 15-тина минути.
  • Во подлабок сад се матат јајцата, се додава јогурт, брашно и прашок за печиво. Во таа смеса се меша и прженото мелено месо, додека сите состојки не се соединат.
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а во меѓувреме премачкајте поголем плех со масло.
  • Се зема една кора, се премачкува со малку масло, а врз неа се става уште една кора и повторно се премачкува со масло.
  • На втората кора се става од филот со јогурт и со мелено месо и кората се витка во форма на ролат. Оваа постапка се повторува сè додека не се потроши целиот материјал.
  • Ролатите се редат во плех и секој од нив треба да се попрска со малку вода и масло. Ролатите може да се редат еден до друг и да се сечат како мини ролнички или да се редат во круг за да добиете вртена пита.
  • Ролатите сепечат 30 минути на температура од 200 степени, а потоа се намалува на 180 степени уште 15 минути, односно додека кората не порумени.
  • Питата се вади од рерна и се остава да се олади. Се сече на парчиња по желба и се сервира со јогурт.

ne-treba-da-ste-ekspert-za-sukanje-recept-za-brza-pita-so-meso-so-gotovi-kori-02.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава