Далгона колачињата од „Squid Game“ станаа хит – како да ги направите сами? (видео)

Далгона колачињата со децении се продавале на улиците на Јужна Кореја, а по емитувањето на серијата Squid Game станаа вистински хит и го освоија светот, посебно затоа што се прават само со две состојки.

dalgona-kolachinjata-od-serijata-squid-game-sodrzhat-samo-dve-sostojki-kako-da-gi-podgotvite-01.jpg

Љубителите на серијата Squid Game добро знаат за што се работи кога ќе се спомнат далгона колачињата.

Станува збор за играта во којашто ликовите треба со игла да ги издлабат формите во колачињата пред да им истече времето. А, ако не успеат во целта или им истече времето, веќе знаете што се случува со нив во серијата... 

Корејската серија, откако го освои светот, ги врати во мода и колачињата што биле мошне популарни во 70-те и 80-те години на минатиот век и што се продаваат на улиците во корејските градови.

Сега, предизвикот се прошири на социјалните мрежи, па корисниците од целиот свет споделуваат видеа со рецепти на кои се гледа како се подготвуваат колачињата.

Може да пробате да ги направите сами, а потоа да се обидете да го завршите предизвикот од играта, секако - без никакви казнувања. 

Основниот рецепт за подготовка на овие колачиња е следен:

Состојки:

  • Шеќер
  • Сода бикарбона

Подготовка:

  • Шеќерот се става во сад и се топи на оган, со постојано мешање, сè додека не се добие густ карамел.
  • Се додава малку сода бикарбона и смесата повторно се враќа на оган и се меша.
  • Густата смеса се истура на хартија за печење во форма на круг.
  • Со калап за колачиња, на средината се прави фигурата која што ја сакате.

Голем дел од луѓето низ светот ги испробаа традиционалните рецепти и се обидоа да го направат предизвикот - погледнете дел од видеата со милионски прегледи на социјалните мрежи:

@mic.hee.hee

they taste good too❤️‍? ##dalgona ##squidgame ##cooking ##67 ##456 ##netflix ##오징어게임 ##mom

♬ MONEY - 리사 (LISA)

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Во кујна со Ксенија Деспотоска - Телешка чорба и домашно лепче, идеален оброк за цело семејство „Нема ништо поубаво од неделните утра кога сите сме собрани заедно. Тие моменти ...
Рецепт за мрзлив мозаик колач, без печење – како што правеа нашите мајки Се прави многу лесно со мешање на состојки кои веројатно веќе ги имате дома, не ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава