Есенски десерт: Мини лиснати пити полнети со фил од тиква
Есента е сезона на тиквата, па наместо варена или печена, обидете се да направите нетрадиционален десерт.

Ви нудиме неодолив десерт за мини лиснати пити со тиква, направени со готово тесто.
Состојки:
- 2 готови теста за пита
- 50g кафеав шеќер
- 2 супени лажици бел шеќер
- мала лажичка сол
- 300g пире од тиква
- 190ml кондензирано млеко
- 1 јајце
- ½ лажичка екстракт од ванила
- шлаг пена

Подготовка:
- Тестото се танчи со сукало додека не биде со дебелина од околу 3 mm.
- Од истенченото тесто се прават 18 кругови со дијаметар од околу 9 cm. По потреба остатоците од тестото може повторно да се премесат и да се истанчат и од нив да се направат нови кругови.
- Круговите се редат во калапи за мафини, така што ќе се создаде форма на корпа.
- Готовото тесто се остава во ладилник, додека да го подготвите филот.
- Во длабок сад се мешаат прво кафеавиот шеќер, белиот шеќер и солта, а потоа се додава и пирето од тиква, млекото, изматено јајце и екстракт од ванила. Сите состојки се мешаат додека да се добие рамномерна смеса.
- Калапите со мини тестата се вадат од ладилник и се полнат со подготвениот фил (околу 2 супени лажици фил за секоја мини пита).
- Мини питите се печат во претходно загреана рерна на температура од 200 степени Целзиусови.
- Потребни се од 16 до 20 минути за питите да бидат готови, односно тестото да порумени, а филот да се зацврсти.
- Готовите пити се вадат од рерна и се оставаат да се оладат околу 30-тина минути во калапот. Откако ќе се извадат, се оставаат да се оладат во целост, по што се ставаат во ладилник уште најмалку 3 часа.
- Пред сервирање мини питите може да се декорираат со шлаг пена.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат
Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...