Брз ручек за 15 минути: Сочни макарони со пилешко и растопен кашкавал
Вкусни макарони со пилешко месо и сланина, од кои се тегне кашкавал. Идеални за викенд-ручек за цело семејство.

Доколку ви е здодеано макароните постојано да ги јадете со истите додатоци, во продолжение можете да проследите интересен рецепт за подготовка на вкусни макарони со сланина и пилешко месо, од кои се тегне кашкавал.
Подготовката на овој рецепт нема да ви одземе премногу време, односно ќе ви требаат околу 15 минути, доколку макароните ви се сварени од претходно.
Потребни состојки:
- 1 кромид ситно исечкан
- 1 супена лажица масло за јадење
- 10 парчиња сланина ситно исечкани
- 3 парчиња пилешки гради исечкани на коцки
- 3 чешниња лук, ситно исечкани
- 1 лажица сол
- 1 лажица црн бибер
- 250 ml сос од домати
- 250 ml сос за скара
- 500g макарони, сварени
- 125ml вода од варени тестенини
- 120g рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Макароните се варат, се процедуваат и се оставаат да се ладат. Потребно е да се зачува 125 ml од водата во која се вареле макароните во посебен сад.
- Во нелепливо тавче се става маслото и се загрева на средна топлина, а потоа се става кромидот да се пржи додека не омекне.
- Се додава сланина и се пржи, додека кромидот да почне да добива кафеава боја, а сланината да стане крцкава.
- Испржените сланина и кромид се вадат од тавчето, а во истото масло се става пилешкото месо да се пржи на средна температура, сè додека не добие златно-кафеава боја.
- Во тавчето се враќаат сланината и кромидот, се додава исечканиот лук и се пржи додека да почне да испушта убава арома (да не изгори).
- Се додава сос од домати, сол, бибер и сос за скара. Се мешаат сите состојки додека убаво да се изедначат и се оставаат да почнат да вријат.
- Смесата треба да врие од 5 до 8 минути, односно додека не стане густа.
- Се додаваат сварените макарони и се меша за сосот убаво да се распореди.
- По потреба може да се додаде од водата во која се вареле макароните доколку сосот е премногу густ.
- Врз готовите макарони се додава рендан кашкавал и се покриваат со капак за да се стопи.
Деталното упатство погледнете го во приложеното видео:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?...
„Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници
Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...