По рецептот на баба: Посна вртена пита со кисела зелка и готови кори

Вкусна пита со кисела зелка, по рецептот на баба. Можете да ја подготвите со готови кори, па ќе заштедите време на месење и сукање.

po-receptot-na-baba-posna-vrtena-pita-so-kisela-zelka-i-gotovi-kori-01.jpg

Денес ретко кој сука кори, па практикуваме да подготвуваме месени јадења со готови кори. Во продолжение погледнете како можете да подготвите вкусна вртена пита (зелник) со готови кори.

Во голема мера рецептот за подготовка на овој зелник не се разликува од оној на нашите баби, единствено ќе заштедите време на месење тесто и сукање кори.

Потребни состојки:

  • 1 поголема кисела зелка
  • 1 страк праз
  • Сол
  • Црн пипер
  • 50 ml минерална вода
  • 50 ml масло за јадење

Начин на подготовка:

  • Киселата зелка се сечка на ситни парчиња и се процедува од вишокот течност.
  • Празот се сечка ситно и се става да се пропржи во подлабока тава на средна температура. Кога ќе омекне празот се додава и процедената кисела зелка.
  • Зелката и празот се мешаат и се оставаат да се пропржат на тивок оган. Доколку има потреба може малку да додадете сол во филот и црн бибер.
  • Кога зелката и празот убаво ќе омекнат се тргаат од оган и се оставаат да се оладат.
  • Се пушта рерната да се загрее на температура од 180 степени Целзиусови.
  • Во чаша или во друг подлабок сад се мешаат минералната вода и маслото за јадење.
  • Се зема една од готовите кори и се прска со мешавина од минерална вода и масло за јадење, а потоа врз неа се става уште една кора.
  • На средина на двете кори се става фил од кисела зелка и праз.
  • Корите се превиткуваат на половина, а потоа се виткаат во ролат. Ролатот се реди во круг и се става на претходно обложен плех со хартија за печење.
  • Постапката со корите се повторува сѐ додека не се потрошат сите кори, а ролатите се редат кружно еден до друг за да се добие пита.
  • Готовата пита се попрскува со остатокот од мешавината од масло и минерална вода.
  • Питата се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 30 до 35 минути или додека питата не порумени.
  • Извадете го зелникот од рерна, оставете да се олади 10-тина минути, а потоа можете да го сервирате.

po-receptot-na-baba-posna-vrtena-pita-so-kisela-zelka-i-gotovi-kori-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава