Новогодишни хот-дог залчиња – вкусно мезе во форма на елка
Елката е симбол на претстојните празници, а еве една идеја како да подготвите вкусно претпразнично мезе, во форма на новогодишното дрво.

За подготовка на ова мезе нема да ви бидат потребни премногу состојки, а ќе ги изненадите домашните со нешто ново и невообичаено.
Дополнително, за подготовка на овој специјалитет ќе ви бидат потребни околу 30 минути.
Потребни состојки:
- 250g готово лиснато тесто (одмрзнато)
- 3 големи лажици сенф
- 15 виршли или колбаси
- 1 жолчка од јајце
- Сусам за декорација
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
- Тестото се става на рамна површина и врз него се премачкува сенф.
- Почнувајќи од краевите, секој колбас или виршла се завиткува во тесто и тестото се сече по должина на колбасите.
- Оваа постапка се повторува сè додека не се потрошат состојките.
- Замотаните колбаси се сечат на кругови со дебелина од околу 3 cm.
- На обложен плех се распоредуваат крукчињата во форма на елка (триаголник со стебло и врв).
- Кога ќе се добие посакуваната форма, елката се премачкува со жолчка од јајце.
- По желба можете да декорирате со сусам.
- Хот-дог елката се пече околу 20 минути, односно додека не добие златно-кафеава боја.
Деталното упатство погледнете го во видеото:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...