Идеален за зимските денови: Мармалад од јаболка и варено вино
Овој алкохолен мармалад во Германија е познат и како „gluhwein jam“, а се подготвува со јаболка и варено вино.

Доколку сакате можете да подготвите и безалкохолна верзија од мармаладот со сок од грозје, но според традиционалниот рецепт овој мармалад се подготвува со вино.
Во германската кујна овој мармалад најчесто се користи како фил за колачиња за време на божиќните празници, а можете да го консумирате без страв дека ќе претерате.
За време на готвењето алкохолот речиси во целост испарува, но марамаладот сепак го задржува вкусот на виното.
Потребни состојки:
- 1.200g јаболка (или 600g јаболка и 600g модри сливи);
- 600ml црвено вино (или сок од грозје за деца);
- 200ml сок од портокал;
- 3-4 каранфилчиња;
- 1 голема лажица ванилин шеќер;
- 900g шеќер;
- сок од 1 лимон;
- 3-4 големи лажици суво грозје.
Начин на подготовка:
- Јаболката се лупат и се сечкаат на коцки (сливите се чистат од семки);
- Во длабоко тенџере се ставаат сите состојки и се ставаат на оган (имајте предвид дека мармаладот се крева додека се вари, па затоа земете подлабоко тенџере);
- Смесата се вари, со повремено мешање, сè додека не зоврие;
- Во замрзнувач се става еден мал сад (ќе биде потребен подоцна);
- Кога мармаладот ќе почне да врие, намалете ја ринглата и оставете да се вари на тивко уште 50-тина минути;
- За да проверите дали мармаладот е готов, со мала лажица се вади малку од смесата и се става во малиот сад што стоел во замрзнувач. Ако смесата не се разлева кога ќе се наведне садот, мармаладот е готов, а ако растекува, потребно е да се вари уште некоја минута;
- Откако мармаладот е готов се вадат каранфилчињата од него;
- Доколку сакате да добиете целосно еднолична смеса, можете да го ставите во блендер;
- Готовиот мармалад се собира во стерилизирани тегли и се вакумира;
- Доколку добро се затворени теглите, вака приготвениот мармалад има рок на траење од една година;
- По отворањето, потребно е теглата да се чува во ладилник.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...