„Тофифи“ торта – сладок десерт поради кој ќе ја прекршите секоја диета
Торта со тофи! Вкусна, преслатка, вистинска шеќерна бомба заради која ќе ја прекршите секоја диета.

Совршен спој на чоколадо, карамела и печени лешници на кој никој нема да остане рамнодушен.
Доколку ги обожавате карамелите со тофи, мора да ја направите што е можно поскоро.
Потребни состојки:
За кората
- 100g путер (на собна температура)
- 160g шеќер
- Ванилин шеќер
- 180g мазно брашно
- 3 јајца
- Прстофат сол
- 40g какао + неколку лажици млака вода
- 3-4 лажици вода
За сосот од карамела
- 200g кристален шеќер
- 200ml слатка павлака
- 40g путер
За кремот
- 200g млечна чоколада
- 200g крем-сирење
- За декорација - Тофифи карамели
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Прво, направете го колачот. Изматете го путерот со шеќерот и ванилата. Додадете јајца и добро измешајте. Додадете брашно и сол и промешајте. На крајот, додадете го какаото кое претходно сте го раствориле во млака вода (смесата треба да е малку течна) и убаво измешајте и додадете уште неколку лажици вода.
- Истурете ја смесата во подмачкан калап (со кружен пречник од 22 cm) и печете околу 20 минути. Проверете дали е испечена со помош на чепкалка. Колачот треба да биде „сунѓерест“ според текстурата, а со ладење малку ќе се стегне.
- Како втор дел, направете го сосот од карамел. Во тавче растопете го шеќерот додека не добие златна боја, но внимавајте да не ви изгори.
- Додадете ја павлаката и варете на тивок оган со постојано мешање додека целиот карамелизиран шеќер не се стопи во неа и не почне да се згуснува. На крајот, измешајте го путерот.
- Кога карамелот ќе се олади, премачкајте го преку кората што веќе ја подготвивте и оставете убаво да се излади.
- Како трет дел, растопете го чоколадото на пареа, кратко изладете го и додадете го крем сирењето. Добро измешајте и изладете.
- Намачкајте го кремот врз карамелата и украсете со Тофифи карамели.
На здравје.




(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...