Рецепт на денот: Похуван кромид крцкав како чипс – идеален за мезе
Овие крцкави похувани прстени од кромид се одлични како додаток со скара или друго јадење се месо. Исто така може да ги додадете и во салати доколку сакате да вметнете нешто крцкаво внатре.

Кога станува збор за похувана и крцкава храна, кај нас обично се подготвуваат тиквички, модар домат, сирење, кашкавал, а ви нудиме и рецепт за похуван кромид.
Овој додаток е мошне популарен во САД и овие прстени најчесто се служат со кечап, мајонез или некој друг сос.
Потребни состојки:
- 70 g брашно
- 120 ml вода
- 1 поголемо јајце (изматено)
- 1 лажица вегета
- ½ голема лажица прашок за печиво
- 1 голем кромид (исечен на тенки кругови)
- Масло за пржење
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад се мешаат брашното, водата, јајцето, вегетата и прашокот за печиво.
- Кромидот се сече на тенки резанки и од нив се вадат крукчиња.
- Во длабока тава за пржење се става поголемо количество масло за јадење и се загрева.
- Секое од крукчињата од кромидот се потопува во смесата со брашно и со јајца и се става да се пржи во маслото.
- Прстените од кромид се пржат по околу 1, до 1,5 минута од двете страни или додека не добијат златно кафеава боја.
- Испржените прстени се вадат на хартиена салфета за да се исцедат.
- Похуваните прстени од кромид се јадат топли., а може да се сервираат со разни типови сос.
Начинот на подготовка можете да го погледнете и во видеото:
https://www.instagram.com/tv/CRmaVBjtlFg/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста
Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Рецепт за совршени печени компири – крцкави однадвор, меки однатре
Ако барате рецепт за совршени печени компири, пробајте да ги подготвите на овој ...