„Зелена божица“ - Салатата што ги освои социјалните мрежи, а тајната е во невообичаениот прелив

„Зелена божица“ е вегетаријански рецепт за салата кој ги освои корисниците на социјалните мрежи. Тајната на оваа салата е во нејзиниот невообичаен прелив, а истата претставува вистинска витаминска бомба.

zelena-bozhica-salatata-shto-gi-osvoi-socijalnite-mrezhi-a-tajnata-e-vo-nevoobichaeniot-preliv-01.jpg

Зелка, краставици, млад кромид, спанаќ… Ова се само некои од состојките на салатата која се подготвува лесно, а го носи името „Зелена божица“.

На Инстаграм повеќе корисници веќе споделиле фотографии од својот обид да ја подготват оваа салата.

Во продолжение погледнете како се подготвува и кои состојки ви се потребни:

Потребни состојки:

За салата:

  • 1 мала зелка или ајсберг, ситно исечкана;
  • 3-4 краставици (ситно исечкани);
  • Млад кромид, ситно исечкан (заедно со перцата);

За прелив:

  • Сок од 2 лимони;
  • 60 ml маслиново масло;
  • 2 големи лажици оризов оцет;
  • 2 чешниња лук;
  • 1 мал црвен кромид;
  • 15 g сечкани перца од млад кромид (по вкус);
  • 25 g  ореви, индиски ореви или други јаткасти плодови по избор;
  • 20 g свежи листови од босилек;
  • 20 g свежи листови од спанаќ;
  • 60 g нутритивен квасец;
  • 1 мала лажичка сол.

Начин на подготовка:

  • Сите состојки за салатата се сечкаат и се ставаат во длабок сад.
  • Во блендер прво се ставаат течните состојки за преливот на салатата, а потоа се додаваат и зеленчукот и сувите состојки за прелив и се блендираат додека не се добие изедначена смеса.
  • Преливот се става врз салатата и се меша добро.

Детално начинот на подготовка можете да го погледнете во видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео) Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - и...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...

Најчитани неделава