Брз ручек со макарони: Сочна медитеранска паста салата

Доколку сте љубители на брзи, лесни и здрави оброци, оваа медитеранска салата ќе стане дел од вашето редовно мени.

Mediteranska-pasta-salata-01.jpg

Сочна, вкусна и многу хранлива, совршен спој на тестенини, свеж зеленчук, фета сирење и вкусен прелив од лимон и маслиново масло.

Потребни состојки:

  • 500g макарони по избор (најдобро фусили)
  • 500g чери домати (или обични домати ситно сечкани)
  • 180g маслинки
  • 1 голем црвен кромид
  • 2 китки свеж магдонос, ситно сечкан
  • 50g фета сирење

За преливот:

  • 1 свежо исцеден лимон
  • ⅓ чаша девствено маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Сварете ги макароните според упатството на ќесичката. Внимавајте да не ги преварите, со цел салатата да има текстура.
  • Ситно исечкајте ги сите останати состојки – доматите, кромидот, маслинките, магдоносот.
  • Сварените тестенини, откако ќе ги исцедите, измешајте ги добро со преливот, додека не се соединат и не ги впијат зачините. Оставете да се олади околу 10 минути.
  • По 10 минути, додадете ги сите свежи сечкани состојки, освен фета сирењето. Повторно добро измешајте.
  • На крајот додадете го фета сирењето и сервирајте.

Mediteranska-pasta-salata (4).jpg

Mediteranska-pasta-salata (3).jpg

Mediteranska-pasta-salata (2).jpg

Mediteranska-pasta-salata (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава