Лесен и брз рецепт: Кажете „Те сакам“ со пица во форма на срце (фото+видео)

Речиси и да нема некој што може да одолее на вкусна пица. За Денот на вљубените можете да ја изненадите саканата личност со вечера во форма на срце.

kazhete-te-sakam-so-pica-vo-forma-na-srce-chekor-po-chekor-upatstvo-foto-video-01.jpg

За да ја подготвите оваа пица нема да ви требаат особени вештини. Доволно е да набавите готово тесто за пица и состојките што сакате да ги ставите на неа.

Пица со повеќе сирења, со печурки и шунка, или вегетаријанска варијанта со моцарела и босилок… Омилената пица на вашата сакана личност ќе биде совршено изненадување за Денот на вљубените, а истата можете да ја обликувате во форма на срце.

iznenadete-ja-sakanata-lichnost-so-vkusna-vechera-kako-da-napravite-pica-vo-forma-na-srce-02.jpg

Во продолжение проследете го „чекор по чекор“ упатството за подготовка на тесто за пица во форма на срце.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови.
  • На обложен плех со хартија се става готовото тесто за пица.
  • Готовото тесто се истегнува со сукало и со нож се засекува во форма на пица, како на фотографијата.

    iznenadete-ja-sakanata-lichnost-so-vkusna-vechera-kako-da-napravite-pica-vo-forma-na-srce-03.jpg

  • Тестото се премачкува со сос од домати, а потоа се редат состојките.

    iznenadete-ja-sakanata-lichnost-so-vkusna-vechera-kako-da-napravite-pica-vo-forma-na-srce-04.jpg

  • Дополнително, доколку користите сувомеснати производи за пицата можете место во крукчиња, да ги обликувате во форма на срце.

    iznenadete-ja-sakanata-lichnost-so-vkusna-vechera-kako-da-napravite-pica-vo-forma-na-srce-05.jpg

  • Готовата пица се пече на температура од 200 степени Целзиусови околу 20 минути, или додека тестото не добие златно кафеава боја.

Како да го обликувате тестото во форма на срце можете да видите подетално и во приложеното видео:

Погледнете повеќе фотографии од луѓе што веќе се обиделе да направат пица во форма на срце:

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Меки ѓевречиња по турски рецепт - ќе ги подготвувате постојано Во студените денови, ништо во домот не е поубаво од мирисот на тазе испечено тес...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Лиснати банана залчиња со чоколадо - рецепт кој им успева на сите Дома сигурно имате банани скоро во секое време. Па ако купите едно пакување лисн...

Најчитани неделава