„Толку се добри, би ги готвел секој ден“ – Џејми Оливер го сподели рецептот за совршенo печени компири
Со текот на годините, Џејми Оливер, еден од најпознатите готвачи во светот, го усовршил рецептот за совршен печен компир кој има крцкава кора, а внатре е сочен и мек.

Познатиот готвач нагласува дека компирот како намирница се одликува со едноставна подготовка, но сепак има неколку трикови кои се клучни за да ја направите оваа храна совршена.
Тој нагласува дека е многу важно компирите да ги подготвите еден ден порано пред да ги испечете.
Потребни состојки:
- 2,5 kg компири со средна големина
- 4 лажици маст или несолен путер
- маслиново масло
- една главица лук
- половина китка свежа жалфија или рузмарин морска сол

Начин на подготовка:
- Изберете компири со приближно иста големина и излупете ги.
- Гответе ги во тенџере со топла, солена вода околу 15 минути.
- После тоа, оставете ги компирите во цедалка да се готват на пареа околу две минути – тоа ќе помогне маснотијата подобро да се залепи на компирот.
- Во тавче ставете маст или несолен путер и една лажица масло, па додадете ги компирите и посолете со многу морска сол. Потоа, протресете ја тавата за маснотиите да ги премачкаат компирите, а потоа наредете ги компирите да бидат во еден слој и да има мала празнина меѓу нив.
- Покријте го садот за печење со алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер неколку часа пред да ги готвите, по можност преку ноќ.
- Кога ќе сакате да ги зготвите, загрејте ја рерната на 180 степени.
- Главицата лук поделете ја на чешниња (не мора да ги лупите) и ставете ги во тавчето со компири. Печете ги компирите околу еден час, додека не добијат златна боја и не станат крцкави.
- Извадете ја тавата од рерна, но внимавајте – специјалитетот сè уште не е завршен! Со алатка за пасирање, нежно притиснете ја површината на печените компири за да го пополнат целиот простор во тавата.
- Ставете неколку листови жалфија или рузмарин, посипете малку маслиново масло и продолжете со печење уште 20-25 минути.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...